23/11/2024
Охрид

Божиновски: Нема ни трага, ни глас од ветените проекти

Денес во просториите на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Охрид се одржа прес-конференција на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„Локалната власт на СДСМ и в.д. градоначалникот Константин Георгиески за цел овој период од без малку година и пол ја карактеризираат безидејност, неработење, неодговорност и негрижа за охриѓани.

Ни трага ни глас од одржлива мобилност, безбедни улици.

Нема ни трага, ни глас од ветените проекти за минатата година, нема ништо од:

– изградба на катни гаражи во централното градско подрачје и изведба на кружен тек на сообраќај кај автобуската станица.

До каде се поведувањето иницијативи за изградба на експресен пат Охрид – „Свети Наум“ и изградба на обиколница Мауцкер-Косел?

Го повикуваме в.д градоначалникот Георгиески да се фотографира со дел од лажните ветувања како што се комплетното инфраструктурно уредување на улица „Абас Емин“ и асфалтирањето на улица „Прва македонска ударна бригада“.

Фотографирањето, не знаеме веќе по кој пат, со истите мали градежни зафати низ градот не е ништо друго туку празен маркетиншки трик пред претстојните локални избори.

Кога веќе градоначалникот Георгиески сака да се слика, доколку нешто сработил, тогаш веднаш нека почне да ги посетува нереализираните капитални проекти од програмата со која ветуваше живот за да ги презентира пред охриѓани.

Само празни ветувања, само лажни зборови!

Ќе дојде денот кога охриѓани повторно ќе имаат можност да гледаат како се реализираат проекти.“ – истакна Божиновски.