23/11/2024
Охрид

Божиновски: Стојаноски без ниту еден проект со Ќе отчетот го потврди своето недомаќинско и неодговорно работење

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид денес одржа прес-конференција на која говореше портпаролот Перчо Божиновски.

„Планот за живот на СДСМ и градоначалникот Јован Стојаноски остана само мртво слово на хартија, лажен памфлет со кој ја потценуваат интелигенцијата на охриѓани. Охрид стана град без иднина и без надеж. Принуден да даде отчет за невработеното Стојаноски го потврди своето недомаќинско и неодговорно работење.

Единствено нешто што „Ќе градоначалникот“ успеа да го направи е неефикасното менаџирање на Општината со тоа што на сметка на проектите и решавање на секојдневните проблеми на граѓаните, свесно дозволи средствата за таа намена да бидат извршени од доверителите без претходно потпишани договори. Со парите на граѓаните има само враќање камати и долгови.

Зошто свесно се дозволи извршување од општинската сметка средства од над 1 милион евра, а над 1 милион проблеми на граѓаните ЌЕ почекаат подобри времиња?

Една година ветувања, но неостварени. Јавните претпријатија наместо високодоходовни претпријатија постануваат загубари.

Нема нови градинки, болница, спортски сали, нов театар, кружен тек, затворен базен. Нема ништо од нови градинки, Болница, спортски сали, нов театар, кружен тек, затворен базен. Нема ни трага, ни глас од Младински културен центар, Дом за пенизонери.

Нема асфалтирани улици, градење тротоари и патеки, нова водоводна и канализациона мрежа. Функционирањето на колекторскиот систем е во колапс, нема заштита на Студенчишкото блато, образованието е со антиреформи, здравството тоне, сообраќајот во хаос.

Останаа само партиските вработувања и политички реваншизам. Листата на лаги е долга и го потврдува вашиот стил на неработење за кој Ви порачуваме „дела, а не зборови“.

Наместо да зборуваме за реализирани проекти, гледаме само назадување и неработење. Нема никакво подобрување на условите за живот на граѓаните. Проектите кои беа почнати во минатото се блокирани, а ветените проекти се само предизборна измама за граѓаните.

Со СДСМ и Стојаноски, Охрид не може да биде среќно, хармонично, сигурно и посакувано место за живот. Охриѓани директно на своја кожа ја почувствуваа неспособноста на СДСМ и градоначалникот Стојаноски. Стојаноски им должи извинување, затоа што покажа дека не може да го води Охрид кон подобро. Што побрзо си одат тоа подобро за Охрид.“ – истакна Божиновски.