Бразилецот Еванжелиста и Французинката Жуис се победници на 37. Охридски пливачки маратон
Бразилецот Матеус Еванжелиста и французинката Каролин Жуис се победници на 37. Охридски пливачки маратон. Тие остварија најдобар резултат на 25-километарската патека “Климе Савин”од Охрид до Свети Наум.
Еванжелиста ја преплива патеката за време 5 часа 45 минути и 5 секунди, а Жуис за 5 часа, 46 минути и 51 секунда.
На финишот кај градскиот кеј, втор во машка конкуренција беше Марсел Схауле од Холандија со време од 5 часа, 46 минути и 50 секунди, а трето место беше македонскиот пливач Евгениј Поп Ацев со 5 часа, 46 минути и 52 секунди.
Во женска конкуренција втора на целта пристигна Мајте Пука од Аргентина со време од 5 часа 52 минути 36 секунди, а на третата позиција се најде Инес Делакроа од Франција со време од 5 часа, 57 минути и 18 секунди.
На овогодинешниот маратон учествуваа вкупно 19 натпреварувачи од кои 11 во машка и 8 во женска категорија. Оваа година маратонската трка е дел од престижната „LEN World Aquatics“.
Охридскиот пливачки маратон е главен спортски настан на второто издание на фестивалот на водени спортови Ohrid Water Festival. Организатор на маратонот е Општина Охрид со поддршка на Претседателот на Република Македонија, Министерството за спорт и Пливачката федерација на Македонија. Технички организатор на настанот е ПК „Охридски бранови 2008“ од Охрид.
WebOhrid / 31.08.2024 / Општина Охрид