Бреинобреин-Црвен крст Охрид го одбележа 20 годишниот јубилеј на Бреинобреин програмата во светски рамки
Со Brainobrain WALKATHON прошетка-пешачење со причина и под мотото ЗА ПОЗИТИВНО МЕНТАЛНО ЗДРАВЈЕ КАЈ ДЕЦАТА Центарот за равивање животни вештини Бреинобреин-Црвен крст Охрид го одбележа 20 годишниот јубилеј на Бреинобреин програмата во светски рамки.
„Промовирање на здрави животни навики, физичка активност, здрава храна, силни хумани пораки, од насмеаните лица на нашите Бреинобреин генијалци кои во моментов ја следат БОБ програмата во Црвен крст Охрид, заедно со оние кои успешно ги завршиле сите 10 нивоа од оваа програма, но и потенцијалните Бреинобреин генијалчиња, во моментов полетарчиња, кои се подготвуваат за следење на БОБ програмата во Едукативниот центар Полетарче во Црвен крст Охрид. И сето тоа преку забава и дружење го исполна градскиот плоштад Св.Климент Охридски, Кеј Македонија и спортската сала Билјанини извори.
Ова беше можност да бидат поделени сертификатите на децата кои го завршиле соодветното ниво на БОБ програмата, но и да бидат претставени дел од децата кои биле од самите почетоци и успешно ја завршиле БОБ програмата, во првиот Центарот БОБ-Црвен крст Охрид на Балканот, а денес се успешни во своето школување како првенци на генерација, добитници на највисоки награди на државни и меѓународни натпревари и личности кои ги красат високо морални и хумани вредности.
Колоритот на овој настан го збогатија и родителите кои се најголемата поддршка на децата и признание за нашиот центар, а секако и тренерите на БОБ програмата кои со својата висока професионалност и искрена посветеност придонесуваат за успехот на децата и профилирање на БОБ-Црвен крст Охрид центарот како еден од најдобрите во светски рамки.
Изразуваме голема благодарност до сите оние кои ни ја укажале довербата и овозможиле, во овие 13 години работа на Центарот за развивање животни вештини БОБ-Црвен крст Охрид, преку 100 деца да ги завршат сите десет нивоа од оваа програма и кои како лидери во својата средина трасираат нови патишта за развивање на едно похумано и поефикасно општествено живеење и делување.
Благодарност и до нашите поддржувачи кои ја помогнаа реализацијата на овој настан, ЈП Билјанини Извори, хотел Амбасадор, цвеќара Камелија и ДиЏеј Данко.“ – истакнуваат од Бреинобреин-Црвен крст Охрид.
WebOhrid / 11.06.2023 / Црвен крст Охрид