26/11/2024
Македонија

Брифинг за активностите на армиските единици ангажирани во услови на вонредна состојба

Претседателот на Република Северна Македонија и Врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски денеска одржа состанок со Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Генералот Ѓурчиновски го брифираше претседателот за ангажманот на припадниците на Армијата на целата територија на државата во справувањето со последиците од епидемијата на ковид-19, во услови на прогласена вонредна состојба.

Претседателот беше информиран и за проширените активности на Армијата во соработка со полициските сили, како и за поддршката што Армијата ја дава на цивилните структури, здравствените работници, Црвениот крст, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување и локалната самоуправа.

Составен дел на денешниот брифинг беше и ангажманот на Армијата на јужната и северната граница на земјата, каде армиските единици заедно со полициските сили се ангажирани за справување со потенцијално зголемен наплив на мигранти и бегалци како дел од „Балканската рута.“