Брилијантен настап на охриѓанката Севил Селман во Истанбул
Познатиот „Босфор квартет“, во кој прва виолина е охриѓанката Севил Селман, на 5 април, по повод Велигденските празници, имаше брилијантен концерт во катедралната црква „Св. Антониј Падовански“ на плоштадот Таксим во Истанбул.
На концертот, со наслов „Воздишките на жиците“, беа изведени дела од Бах, Моцарт и Вивалди кои предизвикаа бурни позитивни реакции кај бројната публика.
Првата виолина на „Босфор квартет“, охриѓанката Севил Селман е студент на четврта година на престижниот конзерваториум „Мимар Синан“ во Истанбул во Турција.