Бронзен медал за филмот „Мој живот, моја цел“ и учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ на МАССУМ
На 24 и 25 април се одржа онлајн натревар „Образовно рандеву 2020 – МАССУМ“ на платформата на Универзитот ФОН поради вонредната состојба.
Учениците од ОУТУ „Ванчо Питошески“ под менторство на професорот по македонски јазик и литература, Перчо Божиновски учествуваа во 4 категории и во конкуренција на 60-тина средни училишта од цела Македонија ги постигнаа следните резултати:
3 место, бронзен медал во категоријата најдобар филм со филмот „Мој живот, моја цел“ во режија на ученикот Дарко Соколески, актерите Ерол Брзев, Менче Нестороска, Димитар Дуноски, Марко Настески, Ангел Стојчески, Елда Кадриу и учениците од класот I-3.
Ученикот Николче Ангеловски со говорот „Стоп за корупција“ се натпреваруваше во категоријата Јавен говор и го освои 6-то место, додека со песната „Македонско тло“ во категоријата Најдобра поетска творба 9-то место.
Ученичката Сара Џелили со песната „Молитва“ во категоријата Најдобра поетска творба го освои 28-то место.
На тема ,,Емоција во изолација” ученикот Дарко Соколески се пласира на 16-то место во категоријата Најдобра фотографија.
И во вонредна состојба учениците освојуваат награди и тие се херои во ова време-невреме. Со труд и верба може да се постигне сѐ во животот и треба да се работи на својот сон, својата цел, за да се успее во животот.
Нивното детско актерско лице е најбогатиот извор во филмот во кој „живеат и можеме од нив да читаме“. А, пак кај гледачите успеваат да ги поттикнат нивните асоцијации да откријат на метафорички начин што се крие зад недопирливите ѕидови на општеството и светот на младите и самите да ги дадат одговорите на многу прашања.
Честитки за учениците, менторот проф. Божиновски и Универзитот ФОН. Голема благодарност за посветеноста и ангажирнаоста кон МАССУМ стекнувајќи се со огромно искуство и во ваква вонредна состојба за развивање на комуникациски и организациски вештини за успешен професионален развој и кариера на самите ученици.