Бруто плата 2018 – Најниска и највисока основица за пресметување на придонеси
Просечната плата по работник во Република Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во Јануари 2018 година изнесува 34.079 денари.
Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец Јануари до месец Декември 2018 година (согласно член 15 и член 16 од Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување).
- Најниската основица за пресметка на придонесите за 2018 година изнесува 17.040,00 денари (50% од 34.079)
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2018 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 545.264,00 денари (16 x 34.079)
- Највисока основица за пресметка на придонесите за 2018 година за самовработено лице изнесува 408.948,00 денари (12 x 34.079)
Обврзниците треба да ја преземат новата верзија на клиентскиот софтвер – МПИН (види http://www.ujp.gov.mk/mk/obrasci/opis/81) која го содржи новиот параметар.
ИЗНОС НА ПРОСЕЧНА ПЛАТА (пресметки / исправки) |
|||||||||||||||||
2018 |
2017 | 2016 | 2015 | 2014 | 2013 | 2012 | 2011 | 2010 | 2009 | ||||||||
34.079 | 32.877 | 32.268 | 31.644 | 30.902 | 30.595 | 30.591 | 30.349 | 29.829 | 27.507 |
Напомена: Сите обврзници кои до овој момент имаат поднесено и исплатено конечни пресметки за Јануари 2018 година, а исплатуваат плати под најниската основица или над највисоката основица за пресметка на социјалните придонеси, треба да поднесат исправки (103) на истите, со утврдениот износ на просечната плата.