Буџет Дебрца 2019 – вклучи се
Општина Дебрца го започнува процесот на креирање на новиот Буџет за 2019 година.
„Партиципативното буџетирање и вклучувањето на граѓаните и граѓанските организации при креирање на Буџетот е наш приоритет.
Ве повикуваме да се вклучите, со вашите идеи, предлози и сугестии, пополнувајќи го соодветниот формулар. (ТУКА)
Посочете ги клучните проблеми и предлози за вашата месна заедница, со цел, локалната самоуправа да добие појасна претстава за потребите на граѓаните во сите месни заедници.
Секој пополнет формулар ќе биде темелно прегледан од нашите сектори и предлозите за нови проекти ќе бидат земени предвид при креирање на буџетските програми и Буџетот за 2019 година.
Во претстојниот период, општинското раководство ќе оствари и повеќе средби со граѓани во месните заедници, за кои навремено ќе Ве информираме.
Ви благодариме за соработката и придонесот.“ – информираат од Општина Дебрца.