Бурни аплаузи за „Танец“, „Пирин“ и лицата со Даунов синдром
Во Македонската опера и балет во средата се одржа хуманитарен концерт на ансамблите „Танец“ од Република Македонија и „Пирин“ од Благоевград, Република Бугарија, за лицата со Даунов синдром…

Хуманитарниот концерт беше организиран од Амбасадата на Бугарија и Министерство за култура на Македонија. Средствата собрани од продажба на картите се наменети за доопремување на Центарот за рехабилитација на лица со Даунов синдром, во изведба на Министерството за труд и социјална политика и здружението „Трисомија 21“ – Скопје.
„Концертот помина во прекрасна атмосфера, под звуците на маестралните изведби на уметниците од двата ансамбли. Прекрасен момент беше заедничката изведба на песната ‘Македонско девојче’ каде учество зедоа и дечињата со Даунов синдром со која заврши и самиот концерт. Публиката со бурен аплауз и на нозе ги испрати музичарите и играорците на ансамблите ‘Танец’ и ‘Пирин’ и прекрасните дечиња.
Учеството на ансамбалот „Пирин“ од Благоевград, Р. Бугарија во синоќешниот хуманитарен концерт е воедно и прво гостување на овој ансамбал во Република Македонија од нејзиното осамостојување“, велат од ГДУ.
