22/11/2024
Македонија

Царинската управа се стекна со сертификат ISO 9001:2015

Царинската управа постојано ги подобрува внатрешните процеси во работењето со цел заштита на финансиските интереси на Република Македонија, олеснување на меѓународната трговија со понатамошна модернизација на царинското работење и поедноставување на царинските постапки, одржување и унапредување на конкурентен економски амбиент, како и реализација на економските политики на Владата на Република Македонија.

По спроведена сертификациска проверка на исполнетоста на барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015 од страна на Сертификационото тело МКД Сертификат Царинската управа се стекна со овој сертификат.

Имено, Царинската управа во 2013 година се стекна со ISO 9001:2008 сертификат за управување со квалитет. Посветеноста на Царинската управа кон квалитетот, корисниците и клиентите низ годините доведе до усовршување на процесите и постапките што резултираше со добивање на меѓународниот стандард ISO 9001:2015.

Поседувањето на сертификат за Систем за менаџмент со квалитет значи признавање дека сите процеси и постапки кои се спроведуваат во Царинската управа, како и услугите кои ги дава и нуди заинтересираните страни се во согласност со барањата на стандардот ISO 9001:2015 и во насока на постојано подобрување на работењето и задоволување на барањата на сите заинтересирани страни . Сето ова претставува уште една потврда за успешната работа на Царинската управа.