22/11/2024
Македонија

Царовска: Проблемите ги решаваме трајно преку низа темелни реформи

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска одржа прес конференција на која информираше за реализацијата на програмските цели во периодот јуни 2017-април 2018 година:

-Досега 4535 стечајци добија позитивни решенија согласно законот усвоен од оваа Влада.

-Околу 90 илјади луѓе кои имале плата пониска од минималната, сега земаат повисока плата. Законот за минимална плата за прв пат опфати работници од текстилната и кожарската индустрија. Ова има ефект и врз зголемувањето на просечната плата.

-Воведени се следните мерки за унапредување на правата на лица со попреченост: престана потребата од конзилијарно мислење и наод од најмалку 3 лекари за остварување на правото за паричен надоместок за помош и нега од друго лице; правото на паричен надоместок за помош и нега од друго лице, додатокот за мобилност, слепило и глувост се остваруваат без оглед на висината на приходите на лицето кое има потреба од истото; надоместокот за скратено работно време на родители на деца и лица со попреченост се остварува без оглед на возраста на лицето; правото на посебен додаток до 26 година по автоматизам преминува во право на помош и нега од друго лице; со законски измени се обезбеди скратеното работно време за родителите на деца со попреченост да продолжи и после 26 години.

-За првпат усвоена програма за персонална асистенција на лица со попреченост, целосно финансирана од Буџетот. Во оваа фаза ќе се обучат 100 лични асистенти. За децата кои посетуваат училиште, со учебната 2017-2018 преку програмата за општинско корисна работа, обезбедени се средства за 140 асистенти за настава во 18 општини во РМ.

-Обезбедени се средства за нови 138 вработувања во центрите за социјална работа

-Формиран специјализиран тим за постапување по итни предмети од ранливи категории при ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа на Град Скопје

-Отворени се три нови регионални преноќувалишта за бездомни лица во Битола, Струга и Струмица, а се проширија капацитетите на веќе постоечкиот центар “Момин Поток” во Скопје.

-Трошењето на парите од посебниот фонд за вработување на инвалидни лица во АВРМ е транспарентно и јавно објавено.

-Лицата кои заради примени пари по брз трансфер, го изгубиле правото на социјална помош може повторно да аплицираат.

-Во однос на капиталните инвестиции во социјална заштита, покрај започнатата изградба на современ Центар за аутизам во Скопје, само во текот на 2018 година ќе се отворат: два дневни центи во Куманово за лица со интелектуална попреченост, дневен центар за Даунов синдром во Скопје кој е во финална фаза на изградба, дневен центар за церебрална парализа во Прилеп кој ќе биде готов во јуни, ќе бидат обезбедени две станбени единици во Неготино и село Тимјаник, а ќе се прошири капацитетот на ошпштинскиот дом во Берово.

-Нацрт Стратегијата за деинституционализација вчера беше јавно презентирана. Клучните заложби за наредниот период се: да нема деца под тригодишна возраст сместени во институции до 2020 и да се трансформира Специјалниот завод Демир Капија и ЈУ за згрижување на деца со воспитно образовни проблеми ,,25 Мај”. Првите преселби на корисници од сегашните институции во служби за живеење со поддршка во заедницата ќе се случат на средина на 2018 година. Процесот на трансформација е започнат.

-Отворени градинки во Врапчиште и Старо Нагоричане, наскоро ќе профункционираат објектите во Зрновце, Прилеп, Чашка, Караслари -Велес, а привршуваат и процедурите за градинките во Маврово Ростуше, Прељубиште, Куманово и Кавадарци. Во текот на 2018 година ќе се изгради или адаптира соодветен простор за предучилишни установи и во Кривогаштани, Чешиново – Облешево, Чучер Сандево, Горобинци, Кравари-Битола, Марена-Кавадарци, Конче, Валандово, Пробиштип, но и во други места низ државата за кои што општините ќе подготват соодветни проекти.

-Обезбедени се 486 вработувања на неопределено време во детските градинки.

-Воведено двосменско работење на градинките.

-Самохраните родители со ниски примања ослободени од плаќање надоместок во градинки.

-Децата од семејства корисници на социјална помош ослободени од плаќање на здравствена партиципација.

-Ратификувана е Истанбулската конвенција. Течат активностите за имплеметација на обврските од Конвенцијата, подготовка на законски измени и воведување соодветни сервиси за заштита и превенција на родово базирано насилство (шелтер, кризни центри)

-Подготвен нов закон за заштита од дискриминација по европски терк.

-Решавање на проблемот на околу 3000 лица неевидентирани во Матичната книга на родени– објавен повик од Управата за водење на Матични книги за пријавување на лица кои не се евидентирани во Матичната книга на родени.

-Обезбедивме времено сместување на лицата под Кале, а се работи на трајно решение.

-Потпишан Меморандум со комора на извршители за да се спречи блокирање на сметки на приматели на СПП-Оперативен план на мерки за вработување за кој се издвоија над 1 милијарда денари. За разлика од претходните оперативни планови за вработување, оваа година е поедноставена содржината на програмите и услугите. Јасно се дефинирани критериумите, како и корисниците на кои се однесуваат програмите за вработување. Годинава е дадена можност за комбинација на мерките, односно по завршувањето на една мерка, истото лице може да биде корисник на друга мерка.

-Воведување на Младинска гаранција за зголемен опфат и вклучување на младите невработени лица на пазарот на трудот – започната е пилот фазата во Скопје, Гостивар и Струмица.

-Во тек е најзначајната активност која ќе значи системска промена на социјалната заштита, односно изработка на целосно нов Закон за социјална заштита кој ќе се даде на јавна расправа во мај 2018. Со ова решение ќе се воведе минимален адекватен приход-повеќе средства за најсиромашните. Издвојување на материјалните (паричните) права од стручната социјална работа (услугите). Воведување на ,,case management’’-работа на случај и поголемо присуство на терен на стручните тимови. Развивање услуги во заедницата во соработка со општинитеи воведување социјални договори за испорака на услугите од страна на граѓанските организации.

-Паралелно со сите овие активности се работи на мерките за стабилизација на пензискиот систем и на подготовка на нов Закон за работни односи.