26/11/2024
Македонија

Царовска: Продолжуваме со инвестициите во образованието и во време на пандемија

Продолжуваме со инвестициите во образованието и во време на пандемија, бидејќи создавањето услови за непречено следење на наставата е наша обврска и должност, истакна министерката за образование и наука Мила Царовска при денешната работна посета на Општина Прилеп. 

Министерката заедно со Градоначалникот на Општина Прилеп Илија Јованоски, го посетија СОУ „Мирче Ацев“, каде што целосно e завршена санацијатана кровот, со што се реши деценискиот проблем со кој се соочуваше ова училиште. Инвестицијата во висина од над 14 милиони денари е обезбедена од Буџетот на МОН. 

„Продолжуваме да инвестираме, и покрај светската пандемија со КОВИД 19. Нашите ученици по завршување на оваа пандемија, повторно ќе се вратат во училишните клупи, а таму ќе ги дочекаат услови за следење на наставата според сите стандарди. Сакам да потенцирам дека МОН и во иднина, ќе продолжи со обезбедувањето на квалитетни услови за воспитно-образовната дејност, како преку подобрување на инфраструктурата на објектите, така и во обезбедувањето квалитетни учебници и нагледни средства за сите ученици и училишта во земјата, истакна Царовска.