26/11/2024
Македонија

Царовска: Со јакнење на партнерството со граѓаните создаваме праведен и функционален систем

„Само преку правно зајакнување на граѓаните може да создадеме одговорен, праведен и функционален систем. Токму затоа одлучивме граѓанските организации да бидат наши партнери во јакнењето на ранливите групи на локално ниво, кои често немаат пристап до правда “, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска во обраќањето на Самитот за отворено владино партнерство, во Тбилиси, Грузија.

Самитот беше организиран од грузиското Министерство за правда и Иницијативата за правда на Институтот Отворено Општество.

„Ранливите групи често немаат пристап до правдата, бидејќи таа е мулитисекторско прашање. Само преку правно зајакнување на граѓаните може да создадеме одговорен, праведен и функционален систем. Граѓаните не смееме да ги гледаме како корисници на услугите на системот. Тие мора да бидат активен субјект во креирањето на законите и услугите“, истакна министерката Царовска.

Министерството за труд и социјална политика работи на системски промени, со цел да обезбеди механизми кои ќе овозможат поддршка и помош за секој поединец. Паралелно, оние услуги што не можеме да ги обезбедиме треба да ги купиме од граѓанскиот сектор, токму во интерес на граѓаните.Тоа нема да биде замена за институциите, туку продолжување на работата која што во редовена процедура и форма не се завршува, најчесто поради отсуство на капацитети, ресурси и мобилност.