26/11/2024
Охрид

Чек листа на планот за управување на животната средина и социјални прашања

Министерството за труд и социјална политика заедно со Министерството за здравство поддржано од Светска Банка го реализираат Проектот за справување со кризата предизвикана од вирусот Ковид-19 и подготовеноста на здравствените системи.

Во фазата на поставување на Ковид мобилните центри, интересот на јавноста е важен за институциите и за Светска Банка, за таа цел документот од јавен интерес Чек-листа за проверка на Планот за управување со животната средина и социјални прашања го поставуваме на општинската веб-страна.

Коментарите и забелешките од пошироката јавност  можат да се испратат на следниот е-маил:  ivana.kjurkchieva@mtsp.gov.mk