26/11/2024
Македонија

Цената на бензините се намалува, дизелот останува со иста цена

Според најновата Одлука на Регулаторната комисија за енергетика на Р.Македонија, од вечерва по полноќ малопродажните цени на нафтените деривати согласно Методологијата за формирање на цените, се намалуваат во просек за 1,21 %.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 , се намалуваат за 1,00 ден/лит, односно за 1,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 13.11.2017 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 65,50 ден/лит, а малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 67,00 ден/лит.

Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со Одлуката од 13.11.2017 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 54,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 42,50 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 0,998 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 13.11.2017 година и со тоа цената на М-1 НС изнесува 28,353 ден/кг.