22/11/2024
ДебрцаОхридСтруга

Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 26 септември до 2 октомври)

Во интерес на информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата од вирусот COVID-19, за период од последната седмица на територијата на горенаведените општини.

За период од 26 септември до 02 октомври 2020 г.

Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 99 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје

Од вкупно земените материјали, 46 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 53 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН

Од вкупно тестираните лица во сите лаборатории во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 36 лица и тоа кај 15 лица од општина Охрид, кај 16 лица од општина Струга и кај 5 лица од општина Дебар.

Во овој период оздравени се 25 лице од Охрид, 38 лица од Струга и 13 лицa од Дебар.

Во овој период починати се 2 лица и тоа од општина Струга

Активни случаи во Охрид се 35, во Струга 45, а во Дебар 32.

Од почетокот на епидемијата до 02 октомври 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1395 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 432 лица во општина Охрид и Дебрца, 676 лице во општина Струга и Вевчани и 287 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 377, од Струга се 570, а од Дебар и Центар Жупа се 276 пациенти

-од општина Охрид и Дебарца има 20 починати пациенти, од општина Струга се починати 61, а од Дебар и Центар Жупа се починати 15 лица

Дозволете да нагласиме дека коронавирусот е сеуште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет.

Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19.

Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:

– ПРАВИЛНО УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА МАСКА

– ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА-ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НА РАСТОЈАНИЕ НЕ ПОМАЛО ОД 2 м.

– ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЈАВНИ СОБИРИ И ГРУПИРАЊА

– ЧЕСТО МИЕЊЕ/ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ

Бидете одговорни!