Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 14 до 20 ноември)
Во интерес на информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата од вирусот COVID-19, за период од последната седмица на територијата на горенаведените општини, на кои делува Центар за јавно здравје Охрид.
За период од 14 до 20 ноември 2020 г.
– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 302 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа и анализирани се во лабораториите на Институтот за јавно здравје Скопје
– Од вкупно земените материјали, 166 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 136 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН
– Од вкупно тестираните примероци во сите лаборатории во РСМ во овој период, лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 429 лица и тоа кај 231 лица од општина Охрид, кај 183 лица од општина Струга и кај 15 лица од општина Дебар.
– Во овој период оздравени се 132 лица од Охрид, 56 лице од Струга и 19 лица од Дебар.
– Во овој период починати се 9 лица од Охрид, 5 лица од општина Струга и 1 лице од општина Дебар.
– Активни случаи на 20.11.2020 г. во Охрид се 575, во Струга 364, а во Дебар 86.
Од почетокот на епидемијата до 20 ноември 2020:
-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 2969 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 1330 лица во општина Охрид и Дебрца, 1218 лица во општина Струга и Вевчани и 421 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 773, од Струга се 783, а од Дебар и Центар Жупа се 316 пациенти
-од општина Охрид и Дебрца има 49 починати пациенти, од општина Струга се починати 85, а од Дебар и Центар Жупа се починати 19 лица
Дозволете да нагласиме дека во овој период коронавирусот е широко распространет, во локална трансмисија и со засилена активност.
Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19.
Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:
– ПРАВИЛНО УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА МАСКА
– ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА-ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НА РАСТОЈАНИЕ НЕ ПОМАЛО ОД 2 м.
– ЧЕСТО МИЕЊЕ/ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ
– ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЈАВНИ СОБИРИ И ГРУПИРАЊА
– БРОЈОТ НА КОНТАКТИ ДА СЕ СВЕДЕ НА МИНИМУМ
Бидете одговорни!