27/11/2024
ДебрцаОхридСтруга

Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 18 до 24 јули)

Со цел правовремено и точно информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува билтен со податоци, информации и препораки за справувањето со вирусот COVID-19 на неделна основа…

За период од 18 до 24 јули 2020 г.

Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 322 лица и тоа по место на живеење: во општина Охрид и Дебрца 174 лица, во општина Струга и Вевчани 71 лица, а во општина Дебар и Центар Жупа 77 лицa.

Од вкупно земените материјали, 234 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај) (Охрид и Дебрца 86, Струга и Вевчани 71, Дебар и Центар Жупа 77), а 88 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН само од Охрид и Дебрца

Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај 27 лица од општина Охрид, кај 54 лица од општина Струга и кај 8 лица од општина Дебар.

Активни случаи во Охрид се 111, во Струга 176, а во Дебар 117.

Во овој период оздравени се 36 лица од Охрид, 25 лица од Струга и 1 лице од Дебар

Во овој период починати се 2 лица од општина Струга.

Од почетокот на епидемијата до 24 јули 2020:

-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 на вкупно 745 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои на 258 лица во општина Охрид и Дебрца, 404 лице во општина Струга и Вевчани и 182 лица во општина Дебар и Центар Жупа.

-оздравени пациенти од Охрид се 149, од Струга се 182, а од Дебар и Центар Жупа се 62 пациенти

-од општина Охрид и Дебрца има 7 починати пациенти, од општина Струга се починати 41, а од Дебар и Центар Жупа се починати 5 лица.

Почитувани сограѓани,

Епидемијата од коронавирусот сеуште трае. Коронавирусот сеуште циркулира меѓу нас. Затоа апелираме на претпазливост, одговорност и разум во однесувањето. Неопходно е да бидеме трпеливи и да ги почитуваме мерките и препораките од надлежните установи за правилна употреба на заштитна маска, социјално и физичко дистанцирање, често миење/дезинфицирање на рацете, избегнување на било какви собири и групирање.

ГРИЖЕТЕ СЕ ЗА ВАШЕТО ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВЈЕТО НА ВАШИТЕ НАЈБЛИСКИ!