Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 22 до 28 август)
Во интерес на информирање на населението кое живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата од вирусот COVID-19, за период од последната седмица на територијата на горенаведените општини.
За период од 22 до 28 август 2020 г.
– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 133 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
– Од вкупно земените материјали, 86 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 47 материјали зе земени при тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН
– Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 59 лица и тоа кај 13 лица од општина Охрид, кај 28 лица од општина Струга и кај 16 лица од општина Дебар.
– Активни случаи во Охрид се 31, во Струга 61, а во Дебар 85.
– Во овој период оздравени се 45 лица од Охрид, 98 лица од Струга и 4 лица од Дебар
– Во овој период починати се 3 лица од општина Дебар.
Од почетокот на епидемијата до 28 август 2020:
-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 1114 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 333 лица во општина Охрид и Дебрца, 557 лице во општина Струга и Вевчани и 224 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 282, од Струга се 448, а од Дебар и Центар Жупа се 156 пациенти
-од општина Охрид и Дебрца има 10 починати пациенти, од општина Струга се починати 48, а од Дебар и Центар Жупа се починати 11 лица.
Дозволете да нагласиме дека коронавирусот е сеуште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет.
Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19.
Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:
– ПРАВИЛНО УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА МАСКА
– ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА-ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НА РАСТОЈАНИЕ НЕ ПОМАЛО ОД 2 м.
– ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЈАВНИ СОБИРИ И ГРУПИРАЊА
– ЧЕСТО МИЕЊЕ/ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ
Бидете одговорни…Уживајте во летото, безбедно…МОЖНО Е!