Центар за јавно здравје Охрид: Состојба со COVID-19 (од 25 до 31 јули)
Во интерес на јавноста која живее на подрачјето на општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, но и како потсетување за сите гости, туристи кои во овој продолжен, празничен Илинденски викенд престојуваат на Охридско-струшкиот регион, Центар за јавно здравје Охрид објавува податоци, информации и препораки поврзани со епидемијата од вирусот COVID-19, во последната седмица на територијата на горенаведените општини.
За период од 25 до 31 јули 2020 г.
– Материјали (брис грло и нос) за тестирање на присуство на COVID-19 земени се од вкупно 263 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа.
– Од вкупно земените материјали, 185 се земени по епидемиолошки индикации (лица кои исполнуваат критериуми за дефиниција на случај), а 78 материјали зе земени при скрининг тестирањето со упат од матичен лекар-МОЈ ТЕРМИН
– Од тестираните лица во овој период лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 80 лица и тоа кај 16 лица од општина Охрид, кај 48 лица од општина Струга и кај 16 лица од општина Дебар.
– Активни случаи во Охрид се 84, во Струга 195, а во Дебар 108.
– Во овој период оздравени се 37 лица од Охрид, 43 лица од Струга и 17 лица од Дебар
– Во овој период починати се 2 лица од општина Струга
Од почетокот на епидемијата до 31 јули 2020:
-лабораториски е дијагностицирано присуство на COVID-19 кај вкупно 916 лица во општините Охрид, Дебрца, Струга, Вевчани, Дебар и Центар Жупа, од кои кај 272 лица во општина Охрид и Дебрца, 449 лице во општина Струга и Вевчани и 195 лица во општина Дебар и Центар Жупа.
-оздравени пациенти од Охрид се 186, од Струга се 225, а од Дебар и Центар Жупа се 79 пациенти
-од општина Охрид и Дебрца има 7 починати пациенти, од општина Струга се починати 43, а од Дебар и Центар Жупа се починати 5 лица
Дозволете да нагласиме дека коронавирусот е сеуште меѓу нас и во локална трансмисија циркулира со несмален интензитет.
Коронавирусот го пренесуваат луѓето кои не се придржуваат кон мерките и препораките за заштита од COVID-19.
Во овој момент, единствен начин да се спречи инфекцијата и ширењето на вирусот е строго придржување и примена на превентивните мерки за заштита од COVID-19:
– ПРАВИЛНО УПОТРЕБА НА ЗАШТИТНА МАСКА
– ОДРЖУВАЊЕ НА СОЦИЈАЛНА-ФИЗИЧКА ДИСТАНЦА НА РАСТОЈАНИЕ НЕ ПОМАЛО ОД 2 м.
– ИЗБЕГНУВАЊЕ НА ЈАВНИ СОБИРИ И ГРУПИРАЊА
– ЧЕСТО МИЕЊЕ/ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА РАЦЕТЕ
Бидете одговорни…Уживајте во летото, безбедно…МОЖНО Е!