Честитка на градоначалникот Георгиески за 1ви мај
Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески упати честитка по повод 1.Мај- Меѓународниот ден на трудот.
– На сите граѓани нa општина Охрид и на Република Северна Македонија им го честитам 1.Мај – Меѓународниот ден на трудот со искрени желби за многу успех во животот и работата.
Овој празник не потсетува и укажува на историската борба за работничките права и достоинство на човекот кој со својата чесна работа обезбедува егзистенција за себе и своето семејство. Овој празник е ден на солидарноста на работниците од целиот Свет и истиот е потсетник дека за жал се уште постојат луѓе кои не можат да го остварат едно од основните човечки права – правото на работа. Затоа сите заедно сплотени и единствени настојуваме да изградиме подобар град во кој секој поединец ќе има еднакви можности за достоен живот и социјална правда.
Нека ни е честит 1.Мај –Меѓународниот ден на трудот којшто е симбол на борбата за праведен, слободен и хуман Свет.