26/11/2024
Македонија

Честитка на генералниот секретар на СДСМ, Николовски за Водици

Видео честитка на генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски по повод христијанскиот празник Водици

Почитувани граѓани,

На сите православни верници им го честитам денешниот голем христиани празник Богојавление Христово – Водици.

Овој ден е симбол на вербата во нови почетоци, во обновувањето, вербата во чесното и исправното.

Пред нас е една таква година, на нови почетоци, полна со можности и оптимизам.

Посакувам конечна, заедничка победа над вирусот, нови радости во семејствата, меѓу пријателите, на работните места, благосостојба, спокој и мир.

Државата е тука за народот, за рестарт на економијата и екномски раст, за целосна и сигурна вакцинација, за правда и праведност.

Државата е тука за уште повеќе пари кај граѓните, плати, пензии. За нови градинки, училишта, патишта, болници…

Во духот на денешниот празник да се обврземе и пред себе си, на чесност, одговороност, правичност, меѓусебно помагање и разбирање.

Да дадеме се од себе, затоа што новите почетоци тргнуват од секој од нас.

Нека е за многу години Богојавление – Водици. Бог се јави.

Да празнуваме одговорно, со почитување на мерките за заштита на здравјето и да се радуваме на новите почетоци.

Да сте здрави и живи!

https://www.youtube.com/watch?v=adlddeMbZeM&feature=emb_title