22/11/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Георгиески по повод 23 Октомври

По повод “23 октомври – Денот на Македонската револуционерна борба“, градоначалникот Константин Георгиески упати честитка до граѓаните на Охрид.

– Во овој датум и во овој ден, содржани се сите наши борби, стремежи и идеали за самостојна македонска држава. Генерации наши револуционери и борци ги вградиле своите животи, водени од идеалот за самостојна држава, за праведен живот и социјална еднаквост. Денес, ние им се поклонуваме на сите кои придонеле да ја имаме нашата дражава, која ја градиме како заеднички дом за сите граѓани. Пред нас денес стојат нови искушенија и предизвици, на кои верувам дека како генерација успешно ќе одговориме, нашата Татковина да биде просперитетна и успешна со благодети за сите граѓани. Да ни е вековит и честит “23 Октомври – Денот на Македонската револуционерна борбра“ – се вели во честитката од градоначалникот Георгиески.