Честитка од градоначалникот Кирил Пецаков по повод Меѓународниот ден на Ромите
Градоначалникот Кирил Пецаков упати честитка до припадниците на ромската заедница, по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.
„Со најискрени желби за добро здравје, благосостојба и личен развој Ви упатувам срдечни честитки по повод Меѓународниот ден на Ромите. Овој значаен празник е уште еден показател дека толеранцијата и почитувањето на различностите се основа за градење на соживот и заеднички напредок.
Со својата традиција и уникатните културни специфики, Ромите се важен дел од мултиетничкиот мозаик на нашата татковина и даваат несебичен придонес во сите сфери на општественото живеење.
Посакувам и во иднина посветно да продолжиме да градиме силни пријателства и да се избориме за еднакви прави и интеграција за сите заедници. Само заедно и сплотени можеме да го направиме Охрид поубаво место за живеење со кое ќе се гордеат идните генерации.“ – стои во честитката од градоначалникот Пецаков.
WebOhrid / 08.04.2022 / Општина Охрид