Честитка од градоначалникот Ногачески по повод Католички Божиќ
Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, упати честитка до сите граѓани од католичка вероисповест по повод големиот христијански празник – Католички Божиќ.
„Почитувани сограѓани кои најрадосниот христијански празник, Христовото раѓање – Божик го празнувате според Грегоријанскиот календар,
Божик е празник чија симболика и универзални пораки-љубовта, простувањето и милосрдието не потсетуваат да ја обновиме и зајакнеме нашата вера, да ги подобриме меѓусебните односи и заеднички да работиме на создавање на услови за подобар и поквалитетен живот.
Нека празникот на Христовото раѓање биде водилка за сите Нас, на патот на меѓусебното почитување, толеранцијата, љубов и разбирање и да бидеме слободни во своите различности.
Со желби, радоста на Божик Ви донесе среќа и благосостојба во Вашите домови и ги огрее срцата на сите луѓе со добра волја, Ве поздравувам со радосниот поздрав:
Мир Божји – Христос се роди!“ – стои во честитката од градоначалникот Ногачески.