Честитка од градоначалникот Ногачески по повод почетокот на учебната година
Денес во Основното училиште “Дебрца” (централното училиште, подрачните училишта и подрачните паралелки) започнува новата учебна година за 206 ученици, од кои 24 првачиња.
На учениците и наставниците, градоначалникот Зоран Ногачески им посака успешна учебна година.
„Во оваа пригода сакам да потенцирам неколку мерки и активности кои како локална самоуправа планираме да ги имплементираме во текот на учебната година, а со цел унапредување на образовната инфраструктура, подобрување на квалитетот на образованието и мотивирање на учениците да постигнуваат високи резултати во образованието и тоа:
- Инсталирање на централно греење во подрачните училишта во село Требеништа и село Мешеишта; (втора фаза)
- ДОБРЕДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА
Пред првиот училиштен ден секое прваче доби училишен прибор. - БЕСПЛАТНА УЖИНКА ЗА СИТЕ УЧЕНИЦИ ВО ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Сите ученици од I до IX одделение ќе добиваат бесплатна ужинка. Средствата за ужинката ќе ги обезбедува општината во годишниот буџет, а очекуваме да започне од средината на септември, по завршувањето на тендерската постапка која е во тек. - ГОДИШНА НАГРАДА ЗА ПРВЕНЕЦ НА ГЕНЕРАЦИЈА И УЧЕНИЦИ НА ГЕНЕРАЦИЈА
Општината ќе обезбеди парична награда за најдобрите ученици од четирите подрачни основни училишта во општината, од кои ќе се избира еден првенец на генерација и тројца ученици на генерацијата . - ПОДДРШКА ЗА ТАЛЕНТИРАНИТЕ УЧЕНИЦИ
Општината ќе ги покрива сите трошоци за учество на талентираните ученици на меѓуопштински, државни и натпревари во странство. - БЕСПЛАТНА УЧЕНИЧКА ЕКСКУРЗИЈА
За учениците од I до IX одделение општината ќе ги покрие трошоците за еднодневен излет , еднаш во текот на учебната година. - СУБВЕНЦИОНИРАН ОПШТИНСКИ ПРЕВОЗ
Општината ќе им ги субвенционира трошоците за користење на општинскиот линиски превоз на сите ученици кои посетуваат дополнителна настава во приватните образовни центри. - ПАРТИЦИПАЦИЈА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО РАБОТАТА НА УЧИЛИШТЕТО
Општината ќе соработува со советот на родители и училишниот одбор преку непосредни средби со претставниците на тие органи, најмалку два пати во текот на учебната година.“ – истакна Ногачески.