Честитка од градоначалникот Ногачески по повод Рамазан Бајрам
Градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески, упати честитка по повод Рамазан Бајрам.
„На сите граѓани од исламска вероисповед Ви го честитам најголемиот празник во исламската вера, празникот на мирот и меѓусебното разбирање – Рамазан Бајрам.
Во духот на Празникот, Ви упатувам честитки со желби за лична среќа и духовен мир и нека овој празник Ви донесе многу чисти мисли, нека ја зголеми милоста, љубовта и добрите дела во Вашите семејства, кон Вашите соседи, пријатели и сограѓани.
Честит Бајрам – Бајрам Мубарек!“ – стои во честитката од градоначалникот Ногачески.