Честитка од градоначалникот Ногачески по повод Рамазанските пости
„Почитувани, дозволете ми, од свое лично име и од името на вработените од општина Дебрца да Ви упатам честитки по повод почетокот на Рамазанските пости.
Светиот месец Рамазан е месец посветен на солидарност, сплотеност и хуманост, месец кој буди меѓусебното разбирање, почитта, несебичноста и човекољубието.
Овој свет месец Рамазан нека биде исполнет со среќа во вашите домови, мир во вашите души и добрина во срцето.“ – стои во честитката од градоначалникот на општина Дебрца, Зоран Ногачески.