26/11/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Пецаков по повод Националниот ден на Власите

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков  упати честитка до припадниците на влашката етничка заедница по повод 23 Мај, Националниот ден на Власите.

-Во мое лично име и во името на Општина Охрид упатувам срдечни честитки по повод Националниот ден на Власите со најискрени желби за личен просперитет и многу успеси. 

Влашката заедница е значаен дел од етничкиот мозаик на нашиот град и нашето современо општество. Со нивниот интелект и визија оставаат траен печат во историјата и имаат значителен придонес во целокупниот развој на Република Македонија.

Преку денешниот празник оддаваме достојна почит и вреднување на нивниот вековен стремеж за зачувување и промовирање на влашкиот јазик, култура и традиција.

Верувам дека и во иднина, во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување ќе продолжиме заеднички да креираме подобри услови за живеење и да обезбедиме просперитетна иднина за новите генерации на Охрид и целата држава, стои во честитката на градоначалникот Пецаков.


WebOhrid / 23.05.2023 / Општина Охрид