Честитка од градоначалникот Пецаков по повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка до припадниците на турската заедница во Охрид и Република Македонија, по повод одбележување на Денот на наставата на турски јазик – 21 декември.
Еден од основните предуслови за зачувување и негување на својата традиција е можноста за учење и творење на мајчин јазик, а ние сме тие кои мора да ги цениме и вреднуваме јазичните и културни одбележја на различните народи со кои живееме во нашата заедничка татковина, Македонија.
Одбележувањето на овој празник е симбол на почитта на Македонија кон турскиот народ, култура и идентитет. Живеејќи заедно, почитувајќи ги овие културни различности, придонесуваме за зајакнување на општеството и градење на подобар живот за сите нас .Ова е влог и во односите со Република Турција, која е долгогодишен пријател на нашиов град и држава – стои во честитката на градоначалникот Пецаков по повод одбележување на Денот на наставата на турски јазик.
WebOhrid / 21.12.2022 / Општина Охрид