22/11/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Пецаков за 8-ми Септември – Денот на независноста

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод 8-ми Септември, Денот на независноста на Република  Македонија.

– Овој исторуски датум е важен за сите денешни но и идни генерации, ден кога се остварија долгогодишните желби и стремежи на македонците за суверена и независна држава, да бидеме свои на своето. Празникот претставува остварување и континуитет на трудот, вложувањата и пожртвуваноста на многу  претходни генерации кои живееа со мислата за слободна и самостојна држава. Овој празник не потсетува на предизвиците кои сме ги надминале, но и ни дава сила и мудрост да продолжиме понатаму. 

Ако пред 33 години  сонот на нашите татковци и мајки  била независна Македонија, нашиот сон  е економски стабилна и напредна држава, единствена, почитувана и меѓународно признаена. Секоја индивидуа посакува подобра иднина за себе, но најважно од се е идејата за заедничка иднина. Идејата дека само сплотени и единствени  можеме заедно да изградиме сигурна иднина за успешна Македонија.

Нека е честит  8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија! Нека е благословена и вечна нашата убава татковина.


WebOhrid / 08.09.2024 / Општина Охрид