Честитка од градоначалникот Пецаков за Денот на сесловенските просветители
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков упати честитка по повод 24 мај, денот на сесловенските просветители Кирил и Методиј.
– На сите просветни работници, ученици и на сите граѓани на Општина Охрид им го честитам 24 мај, Денот на сесловеснките просветители Светите браќа Кирил и Методиј.
Благодарение на нивната извонредна просветителска дејност, денес го имаме најголемото духовно богатсво јазикот и идентитетот. Писменоста на еден народ е најголемата и најважната придобивка на цивилизацијата.
Создавајќи ја првата азбука глаголица, Кирил и Методиј ги поставиј темелите за описменување на словенските народи.
Нека е вечно нивното име затоа што на основите на глаголицата се создаде кирилицата со што се обезбеди стандардизација на македонскиот јазик и писмо. Благодарение на нивното дело и ние Македонците, како дел од словенското семејство народи имаме можност и благослов на мајчин јазик да ја развиваме својата култура, уметност, образование и наука– стои во честитката на градоначалникот Пецаков.
WebOhrid / 24.05.2024 / Општина Охрид