Честитка од градоначалникот Пецаков за Курбан Бајрам
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков по повод големиот муслимански празник Курбан Бајрам, упати честитка до своите сограѓани со исламска вероисповед.
-Празникот на хуманоста, дарувањето и солидарноста посакувам да го минете во добро здравје, љубов и благосостојба во домовите подавајќи рака на сите оние кои имаат потреба од поткрепа или помош.
Меѓусебното почитување без разлика на верската, етничката или која и да било друга припадност од секогаш го краселе ова општество и затоа на овие празнични денови се радуваме сите заедно.
Курбан Бајрам нè потсетува дека сите неволји можеме заеднички да ги совладаме како и досега – во духот на вековната традиција на соживот.
Ние како локална власт и понатаму посветено ќе работиме со цел да обезбедиме подобри услови за живот, развој и напредок на секој поединец целејќи кон развиен и просперитетен Охрид – стои во честитката на градоначалникот Пецаков по повод големиот муслимански празник, Курбан Бајрам.
WebOhrid / 28.06.2023 / Општина Охрид