25/11/2024
Охрид

Честитка од градоначалникот Стојаноски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

По повод Меѓународниот ден на Бошњаците 28-ми септември, Градоначалникот на Општина Охрид проф. д-р Јован Стојаноски упати честитка до сите припадници на оваа заедница.

„Дозволете ми во мое лично име и од името на Општина Охрид на сите припадници на бошњачката заедница во Република Македонија да им го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците, со искрени желби за успешно промовирање, негување и ширење на бошњачката култура и традиција во нашата земја. Бошњаците во Република Македонија се нејзин нераскнилив дел и тие низ годините во минатото покажале дека се важна нишка која придонесува за јакнење на меѓусебната толеранција, разбирањето помеѓу граѓаните и изграбата на едно мултиетничко и мултиконфесионално општество, пример за земјите од регионот и пошироко. Со заедничкиот стремеж за унапредување на меѓусебните односи даваме пример за идните поколенија и праќаме порака за почитување и соживот во Република Македонија.“– стои во честитката.