Честитка од градоначалникот Стојаноски по повод Рамазан Бајрам
По повод големиот големиот верски празник Рамазан Бајрам, градоначалникот Јован Стојаноски упати честитка до граѓаните на Охрид со исламска вероисповед.
„Во добро здравје, радост, среќа и хармонија Ви посакувам да го поминете овој голем празник. Овој голем празник ги потврдува универзалните вредности на човекољубието и заедничкото во различните верски определби. Искрено Ви посакувам овој Рамазан Бајрам, да ја зајакне верата и солидарноста меѓу луѓето, покажувајќи го патот кон вистината и праведноста.
Нека и овој празник не потсети на добрите дела, кои треба да ги правиме кон себе, кон своето семејство и пошироката заедница,“ стои во честитката на градоначалникот Јован Стојаноски.