22/11/2024
Македонија

Честитка од министерката Шекеринска по повод Божиќните празници

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска по повод Божиќните празници, упатува честитка до вработените во Министерството за одбрана, припадниците на Армијата и сите граѓани на Република Македонија од православна вероисповед.

„Божиќните празници се празници на сплотување, надеж, радост и благодарност. Како што овој празник го собира семејството, нека биде поттик за обединување на сите граѓани за решавање на идните предизвици и остварување на зацртаните стратешки цели за нашата земја.

„Ви посакувам радост и љубов и да имате мир и благосостојба во вашите домови“. – стои во честитката.