Честитка од ОО на СДСМ Охрид по повод 2 Август, Денот на Републиката
Општинската организација на СДСМ – Охрид по повод големиот државен празник, 2 Август – Денот на Републиката, упатува честитка до членството, симпатизерите и граѓаните на општина Охрид во која се вели:
„Денеска, на овој голем ден сите здружено да им оддадеме почит на нашите претци учесници во Илинденското востание и на Првото заседанието на АСНОМ.
Тие во различно време но со иста идеја ги поведоа граѓаните кон слобода, независност и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена држава.
Се’ останува запишано во колективната меморија уште од времето на Двата Илиндена.
Нивните идеали и жртви за слободна и независна Македонија се трајно наследство во историјата, паметник во сегашноста и патоказ во иднината.
Охрид, како дел од Република Северна Македонија цврсто чекори кон иднината, кон НАТО и ЕУ и градењето на едно општество за сите.
Нека ни е честит и вековит Втори август – Денот на Републиката“, стои во честитката.