Честитка од ОО на СДСМ Охрид по повод католички Велигден
„Драги сограѓани, роднини, пријатели…
ОО на СДСМ – Охрид со желби за добро здравје, мир, љубов и слога на сите кои денес го славите Велигден ви го честита денот.
Милиони луѓе во светот денес ги изговараат зборовите „Христос воскресе“, радувајќи се на овој голем празник. Христовото Воскресение е симбол на победата на доброто, на позитивните вредности, љубовта, мирот и подадената рака кон човекот. Изградбата на мирот во општеството не е можна без верата во овие вредности. Посакуваме Вашите срца да бидат исполнети со оваа голема љубов и духовен мир.
Храмовите во најголем случај останаа празни пред налетот на пандемијата Ковид -19 таа ни е доказ дека сите сме исти и дека треба здружено да го победиме злото со добро, за нас и за генерациите кои доаѓаат.
Среќен празник!
Христос воскресе!“ – стои во честитката од ОО на СДСМ Охрид.