Честитка од ОО на СДСМ – Охрид по повод Втори Август – Денот на Републиката
Општинската организација на СДСМ – Охрид по повод големиот државен празник, 2 Август – Денот на Републиката, упатува честитка до членството, симпатизерите и граѓаните на општина Охрид во која стои:
„Почитувани, празникот годинава за прв пат го одбележуваме како земја членка на НАТО и со добиена одлука за почеток на преговори на Република Северна Македонија со ЕУ.
Придобивки кои се резултат на работа, желба за просперитет и светла иднина на нашата Татковина.
Денеска, на денот на двата Илиндена сите заедно да им оддадеме почит на нашите претци, учесници во Илинденското востание и на Првото заседанието на АСНОМ.
Тие во различно време но со иста идеја ги поведоа граѓаните кон слобода, независност и единство и ги поставија темелите на современата, независна и суверена држава.
Почитувани,
Годинава, свеченостите се во знакот на лајтмотивот „Победа за сите“.
Свечено е во Крушево, Скопје и во Пелинце…
Ние граѓаните на Северна Македонија и Охрид имаме уште многу предизвици пред себе, еден од нив е победата против невидливиот непријател – пандемијата со Ковид -19
И од оваа битка ќе излеземе како победници ако се сплотиме и ги почитуваме зравствените протоколи и мерки.
Честит и вековит Втори август – Денот на Републиката!“ – стои во честитката од СДСМ Охрид.