Честитка од Општина Охрид по повод шестиот роденден на WebOhrid
Општина Охрид испрати честитка до нашата редакција, по повод шестиот роденден на WebOhrid.
„Пo повод 6 годишнината од работата на WEBOHRID Ви упатуваме искрени честитки и желби за натамошна успешна работа. За сиот овој период докажавте дека сте сериозен информативен медиум кој го красат објективност, точност и навременост при новинарското известување.
Работејќи професионално во интерес на Охрид и охриѓани полека но сигурно зазедовте значајно место на медиумскиот простор и се стекнавте со бројни читатели кои им веруваат на пласираните информации.
Во оваа прилика ви упатуваме и благодарност за вашата посветеност навремено и објективно да информирате за работата и функционирањето на локалната самоуправа којашто постои и е во служба на граѓаните.
Искрено посакуваме да одбележувате уште многу наредни годишнини, а белезите на професионалното, објективно и непристрасно новинарство да ве красат секогаш.“ – стои во честитката од Општина Охрид.