Честитка од пратеникот Пецаков по повод празникот Курбан бајрам
„По повод големиот празник Курбан бајрам упатувам искрени честитки до сите верници од исламска вероисповед со желби за добро здравје, хармонија и благосостојба.
Празникот Курбан бајрам е празник на солидарноста и хуманоста, меѓусебната радост и зближувањето меѓу луѓето.
Ваквите празниците нѐ поврзуваат сите во Охрид и Македонија преку различната верска определба изразувајќи почит кон своите соседи и сограѓани.
Нека се исполнат човечноста, хармоничните односи меѓу луѓето и стремежот кон мир и благосостојба.
Нека е честит големиот празник Курбан бајрам!“ – стои во честитката од пратеникот д-р Кирил Пецаков.