Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите граѓани им го честита Меѓународниот ден на трудот – 1 Мај.
„Главната водилка на овој ден е борбата на работниците за унапредување на своите права. Сѐ уште многу луѓе се соочуваат со проблеми да си ги остварат правата на работа, на плата и на пристоен живот.
За жал како никогаш досега работникот и неговиот труд се потценети. Никогаш не била потажна и сликата со правата на работниците и нивниот стандард.
На Охрид и Македонија им се потребни промени кои ќе донесат подобар стандард и вреднуван труд.
Грижатa и хуманоста за нашите сограѓани мора да бидат пред сѐ за време на пандемијата.
Честит Ден на трудот!
Честит Први мај!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.