Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 23 Мај – Националниот ден на Власите
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на сите припадници на влашката етничка заедница им го честита празникот 23 Мај – Националниот ден на Власите.
„Овој значаен празник за влашката заедница претставува афирмација на нивната култура и традиција.
Обврска на сите нас е да го чуваме, развиваме и промовираме етничкиот, јазичниот и културниот идентитет на Власите во духот на европските вредности.
Упатуваме искрени желби за понатамошен успех во негувањето на влашката култура и традиција во Охрид и Република Македонија.
Нека е честит националниот ден на Власите!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.