Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид го честита празникот 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба.
„Идејата за слободна Македонија е главната водилка кога пред 130 години беше формирана Македонската револуционерна организација од Дамјан Груев, Христо Татарчев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Андон Димитров и Христо Батанџиев.
МРО, подоцна како ВМРО е симболот на пркос на Македонците, воден од желбата за подобро утре. Традиција која обврзува за иднина која доаѓа.
Делегација на Општинскиот Комитет и Пратениците во Собранието на Република Македонија положија свежо цвеќе и се поклонаа пред спомен-обележјата на великаните во градскиот парк.
Да се обединиме под знамето на Македонија!
Важно ни е Македонија да биде просперитетна држава!
Честит 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна борба!
ВМРО-ДПМНЕ вечно!
Македонија вечна!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.
WebOhrid / 23.10.2023 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид