22/11/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК по повод 24 Јуни – Меѓународен ден на балканските Египќани

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува честитки по повод 24 Јуни – Меѓународниот ден на балканските Египќани.

„Историската и културната традиција во Охрид отсекогаш била надополнета со Египќаните како препознатлив дел не само во нашиот град, туку и воопшто во Македонија.

Во овие времиња на тешки кризи со сиромаштија, иселување, криминал и корупција на сите полиња потребно е единство за промени и желба за проспeритет.

Упатуваме искрени желби за многу здравје, среќа и радост.“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.


WebOhrid / 24.06.2022 / ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид