23/11/2024
Охрид

Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители и учители

ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува честитка по повод 24 Мај – Денот на македонските и сесловенските просветители и учители, светите браќа Кирил и Методиј.

„Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература. Тие се вградија во историското и духовно растење на многу народи во светот, а посебно ја задолжија Македонија од каде и потекнуваат и каде поминале голем дел од нивната просветителска мисија.

Правото на сопствен јазик, на образование, на самоидентификација за кои тие се залагаа и денес се основни универзални и европски човечки вредности.

Нивната мисија е најдобро изразена преку просветителскиот континуитет на учениците, големите дејци свети Климент и свети Наум.

Светите браќа Кирил и Методиј имаат извонредно и единствено историско-културолошко и епохално просветителско значење за Светот, Европа и Македонија.

Наша обврска и аманет е да го продолжиме нивното дело, да продолжиме да ги негуваме и чуваме македонскиот јазик, македонската традиција и македонскиот идентитет.

Нека е вечен нивниот спомен и нека ни е за многу години големиот државен празник Свети Кирил и Методиј!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.