Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид на припадниците на ромската заедница им го честита 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.
„Ромскиот етнички и културен идентитет е цврсто вграден низ живеењето во Охрид и Македонија. Унапредувањето и инклузијата на ромската заедница треба да бидат заложби на државата со цел просперитетна и сигурна иднина.
Нека празничните денови бидат исполнети со многу здравје и љубов.
Честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.