Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 8 Март
„ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува искрени честитки до припадничките на понежниот пол по повод 8 Март – Меѓународниот ден на жената.
Жената грее со својата љубов и нејзината верба е искрена надеж за човештвото. Жените се вистински херои во ова време на пандемија затоа што цврсто стојат во првите редови на кризата со КОВИД-19. Потребно е да се стави крај на сите форми на насилство врз жените и да се обезбеди нивно рамноправно учество во економскиот, социјалниот, политичкиот и културниот живот.
Силни жени за силна Македонија!
Среќен 8 Март!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.