Честитка од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа
ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид упатува честитки по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
„9 Мај е денот кога победи храброста и самопрегорот над теророт и газењето на човековото достоинство.
На 9 мај 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија, официјално беше ставен крај на Втората светска војна.
Во таа борба застана и македонскиот народ определувајќи се за антифашизмот, бранејќи ја со своите животи правдата и слободата.
За жал веќе три години во Македонија владее хибриден режим, корупција, криминал и тоа не се принципи и вредности за европска иднина.
Но европските принципи и вредности ќе победат затоа што заедно со народот пред сѐ ќе победи обновата на Македонија.
Нека е честит Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа!“ – стои во честитката од ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид.